Продолжува проектот за отворени денови во средните училишта

Согласно со заложбите на Градот Скопје за унапредување на квалитетот на образовните услуги, како и големиот интерес на средношколците лани, и годинава го продолжуваме проектот „Училиштата на Градот Скопје со отворени врати за факултетите и универзитетите за промоција на нивните студиски програми“.

Преку проектот за отворени денови во средните училишта, универзитетите и факултетите што се заинтересирани ќе ги презентираат своите програми пред идните студенти во периодот од 18 февруари до 22 март годинава и ќе имаат можност да го сторат тоа во една поорганизирана форма. Можноста која им се нуди на средношколците е преку непосреден разговор и контакти да добијат информации и одговори за високото образование и да го направат вистинскиот избор за својот професионален развој.