Приведени двајца скопјани: Полицијата пронајде оружје

Полицски службеници од Единицата за интервентна полиција на ул.„Кичевска“, на подрачјето на Ѓорче Петров вчера околу 23.15 часот ги лишиле од слобода И.А.(35) и Б.С.(34), двајцата од Скопје.

- Откако полициските службеници сопреле патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.А., во кое совозач бил Б.С., при извршен преглед во него  пронашле 3 парчиња огнено оружје, и тоа пиштоли „Застава М57“ со рамки со муниција, соопшти МВР.

Како што информира МВР, лицата се приведени во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка, по што ќе бидат изведени пред Судија на претходна постапка.