Приведена 69-годишна скопјанка за издржување затворска казна

Полициски службеници од Оперативен тим – потраги при СВР Скопје, денеска во 11.00 часот на ул.„Васил Ѓорѓов” во Скопје, врз основа на судска наредба, ја лишиле од слобода В.М.(69) од Скопје.

За неа, соопштија од МВР, била распишана Централна потерница за издржување казна затвор од две години. Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на затворската казна.