Приведен велешанец во Драчево, се заканувал на сопругата и семејството

На 04.05.2021 во 16.40 часот, полициски службеници од Полициската станица Драчево го привеле З.А.(43) од Велес, поради постоење основи на сомнение дека околу 14.15 часот физички ја нападнал неговата сопруга и со остар предмет упатил закани кон членови на неговото семејство.

По целосно расчистување на случајот ќе следи соодветен поднесок.