Приведен млад скопјанец, превезувал и криел мигранти од Сирија

Синоќа, во 23.10 часот, на автопатот А1, во близина на Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода Ќ. Ш. (24) од Студеничани, Скопско.

Претходно, на автопатот Демир Капија – Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово откриле 15 лица мигранти од Сирија, кои изјавиле дека биле превезувани со возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, а за кое подоцна било констатирано дека го управувал Ќ. Ш..

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.