Приведен крадец во Берово

Полициски службеници вчера го привеле В.Р.(58) од Берово. Тој се сомничи дека ноќта помеѓу 24 и 25 јануари извршил тешка кражба во продажен објект, при што одзел повеќе предмети.

– На 25.01.2023, со судска наредба, извршен бил претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против В.Р. до надлежното ОЈО ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопшти МВР.