Приведен дилер на дрога во Скопје

Вчера, на 03.07.2022, во Скопје лишано од слобода беше едно лице поради трговија со дрога. 

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници од Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи - Оддел за криминалистичка полиција, во координација со полициски службеници од ОСПО-САЕ Тигар, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје го лишија од слобода А.К.(30) од Прилеп, со живеалиште во Скопје.

По спроведена истрага и преземени мерки и активности од страна на Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи - Оддел за криминалистичка полиција во координација на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје обезбедени се материјални докази дека лицето е инволвирано во продажба на наркотични дроги.

Како што известуваат од МВР А.К. набавувал дрога, во својот дом во населба Драчево, ја препакувал во помали пакувања и ја продавал по улиците на територијата на Скопје. 

Вчера, полицијата извршила претрес во неговиот дом при што се пронајдени предмети поврзани со кривичното дело. 

Во текот на денешниот ден, 04.07.2022, од страна на Единица за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје до ОЈО Скопје ќе биде поднесена кривична пријава против А.К. по чл. 215 од Кривичниот законик.