Претставата “Како да се ограби банка” утревечер во Драмски театар

Во Драмскиот театар, утревечер, скопската публика ќе може да ја проследи театарската претстава “Како да се ограби банка”, по текст на Сами Фејд, а во режија на Иван Манасковски.

Човекот секогаш се бори за својата егзистенција и го бара своето место под сонцето, а мисијата на фамилијата Кепевски да ограби банка, е многу слична на детска мисија – да се гради куќа на дрво. На прв поглед тоа изгледа многу едноставно, но по пат излегуваат многу непланирани проблеми. Оваа претстава зборува за комичноста на луѓето кога ќе се најдат во комплицирани ситуации.

Во претставата играат Лазе Манасковски, Марија Кондовска, Гоце Тодоровски, Симон Манасковски, Катерина Шехтанска-Лаковски, Калина Наумовска и Игор Георгиев.