Претставата “Еден месец на село” денеска во Македонскиот народен театар

“Еден месец на село” на Иван Сергеевич Тургењев, а во режија на Паоло Маџели публиката ќе може да ја види вечер (18 октомври) со почеток од 20 часот во Македонскиот народен театар.

Големиот руски писател и поет Тургењев оваа драма ја напишал додека бил на село, а во неа се раскажува типична „селска приказна“, во која Наталија, сопруга на богатиот земјопоседник Аркадиј Сергеич Ислаев и младата Верочка се вљубуваат во исто момче, студент, учител на синот на Наталија.

Така скроената ситуација Тургењев „ја полни“ со разни љубови, односно љубовни обиди. За некои ликови таа љубов е извор на надеж за подобра иднина, за некого е занес во кој привремено се губи себеси, некој пак љуби од навика, некој се согласува со целата илузија, а некој благодарение на љубовта повторно се чувствува жив.