Претрес во Кавадарци: Полицијата пронајде хероин и приведе две лица

Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека на 19.01.2023 во 16.00 часот полициски службеници од СВР Велес - ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода О.Б.(39) и А.М.(42), двајцата од Кавадарци, поради тоа што А.М. во близина на училиште во Кавадарци му продал хероин на О.Б..

Потоа, врз основа на наредба од Основен суд Кавадарци, бил извршен претрес во домот на А.М., при што бил пронајден и одземен хероин.

Лицата се приведени во полициската станица во Кавадарци и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.