Претпладне сончево и топло, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и град

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала облачност, а од пладневните часови од запад и од север облачноста ќе се зголемува и најпрвин во планинските региони ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи понекаде и појава на град. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер најизразен на југот од земјата. УВ индексот ќе биде 8.

Дневните температури ќе се движат од 26 до 38 Целзиусови степени: Скопје 35, Крива Паланка, Берово и Охрид 30, Маврово 26, Битола 32, Кавадарци 36, Дојран 38.

Во Скопје, претпладне сончево со мала облачност, а  попладне облачноста ќе се зголемува и ќе има услови за дожд и грмежи. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.

Во наредниот период ќе се задржи топло време, претпладне сончево, а во попладневните часови ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд и само некаде со појава на грмежи.