Престанете да се нервирате за ситници, да беа важни ќе беа големи нешта

Често се нервираме за  глупости, се ставаме себеси под огромен стрес и грижи за на крајот да сфатиме дека сме се нервирале за ништо. Во меѓувреме, си дозволуваме тоа да влијае на нашето здравје, имаме главоболки, болен желудник, проблеми со варењето, лоша кожа.

Ако ја губите својата енергија на неважни нешта, престанете да го правите тоа.

Лоши коментари

Некогаш се нервирате за некои работи, а всушност луѓето не ни мислеле да ве навредат. Бог знае што сакале да кажат. Од друга страна, некои пак кажуваат лоши коментари, но тоа се луѓе кои постојано го прават тоа, а вие никако да ја научите лекцијата. Колку само енергија би си добиле назад ако успеете да го избегнете тоа.

Луѓе кои постојано ве копираат

Наместо да се нервирате, тоа треба да ви ласка. Тоа значи дека правите нешто навистина добро. Не се оптоварувајте со тие луѓе. Ако можете, намалите го дружењето со нив, ако не можете, едноставно не се лутете за ова.

Времето

Ладно време, топло време, дожд...Зошто толку се нервирате за времето? Не можете да го промените. Можете само да го прифатите. Не си дозволувајте да си лепите етикети дека не сте продуктивни кога врне, или дека не сакате да излегувате од дома кога е студено. Освен ако не станува за екстремни услови, си создавате стрес без причина за ништо.

Вести и политика

Не можеме да ги избегнеме бидејќи се секаде околу нас, но можеме да ги прифатиме како нешто што постои и на што не мораме да му обрнуваме толкаво внимание. Доколку страшно ве нервираат вестите, потрудете се да не ги читате, а кога некој ви зборува за тоа, потрудете се да ја смените темата или да си заминете. Не е толку тешко колку што си правите во својата глава дека е.

Некој престанал да зборува со вас

Нивна загуба, а не ваша. Ако некој не знае искрено да сподели што е проблемот, зошто ви е таква личнсот во животот. Не минувајте ни една секунда грижејќи се за тоа.

air max 90 essential style