Прегазен пешак во скопско

Возило „сузуки“ удрило во 59-годишен пешак во скопско. 

На 30.10.2022 во 19.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје–Велес, во с.Ржаничино, скопско, патничко возило „сузуки“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.П.(45) од с.Петровец, удрило во З.М.(59) од с.Ржаничино. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, соопшти полицијата.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.