Прегазен пешак на улица во Скопје

Пешак бил прегазен вчера на улицата „Јани Лукровски“ во Скопје.

„Патничко моторно возило „опел перива“ со скопски регистарски ознаки управувано од Б.К.(34) од Скопје удрило во пешакот А.О. (32) од Скопје“, соопшти МВР.

Пешакот со возило бил пренесен во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди по што е задржан за понатамошно лекување.