ПРЕД И ПОТОА: Се проби „Партизанска“ во Ѓорче Петров

Вториот дел од пробиениот булевар „Партизански одреди“ e пуштен во употреба. Со овој проект се продолжи пробивањето на булеварот од новиот кружен тек кај Порта Влае, па се до кружниот тек кај црквата Св. „Петар и Павле“ во Ѓорче Петров.

Извршена е реконструкција и проширување на постојниот коловоз во должина од 500 метри со што се доби современ и модерен булевар со шест сообраќајни ленти, по три во двете насоки, со вкупна ширина на коловозот од 21 метар. Булеварот има средишно зеленило, а од двете страни има велосипедска патека со ширина од два метри и пешачка патека со ширина од три метри.

Вкупната инвестиција за реализација на втората фаза од проектот за пробивање на булеварот „Партизански одреди” изнесува 40 милиони денари.