Православните Христијани денес го слават Свети Стефан

Според православниот календар денес е Свети архиѓакон и првомаченик Стефан. 

Православните христијани денес, на третиот ден на Божиќ го прославуваат Светиот архиѓакон и првомаченик Стефан. Тој бил каменуван поради тоа што проповедал дека во Исус не веруваат само лошите луѓе. Овој именден го слават верниците по име Стефан, Стефанка, Стефанија, Фанија, Фанка, Стојан, Стојанка, Стојмен, Стоичко и сл. 

Стефан бил Евреин, соработник на апостолите. Еден од седумте ѓакони на ерусалимската црква. Од него почнува подвигот на мечениците кои страдале за верата. Од таму и тој се нарекува првомаченик. Тој настрадал од Евреите во Синедрион откако бил каменуван поради тоа што долго ги убедувал дека Исус, оној кој тие го убиле, всушност бил помазаникот кој тие го очекувале. Тој се споменува во новозаветната книга „Дела апостолски“. 

Неговите мошти се пронајдени на почетокот на 5-тиот век и се сместени во Сионскиот храм во Ерусалим.