Пожарот во затворот во Идризово бил подметнат од затвореници

Двајца затвореници во затвореното одделение во затворот „Идризово“ вчера подметнале пожар кој веднаш бил изгаснат од затворската полиција.

Како што информираше за МИА директорот на затворот Боби Мојсовски, веднаш по пријавата на полицајците била повикана противпожарна единица, но не интервенирала бидејќи веќе огнот бил локализиран од обезбедувањето на затворот.

-Затворениците беа сослушани од управата и од МВР и биле издвоени во самица, рече Мојсовски.

Според него, нема причинета материјална штета.

new nike air max 2019