Пожар во Шуто Оризари изгореа четири куќи

Во 19 часот и 30 минути во населбата Шуто Оризари во Скопје, од непознати причини настанал пожар, при што целосно се изгореле куќите во сопственост на  49-годишниот М.И. и М.Ѓ.

Полицијата информира дека од пожарот делумно опожарени се куќите на 58-годишниот А.С. и 52-годишната Ф.Т.

Од пожарот повредени лица нема, а пожарот сеуште не е локализиран.