Пожар во куќа на улицата „Невена Георгиева Дуња“ во скопската населба Кисела Вода избувнал ноќеска околу еден часот по полноќ.

Во пожарот, нема повредени лица, а биле опожарени 200 метри квадратни.

Во гаснењето што траело до 04:15 часот учествувале 12 пожарникари со шест противпожарни возила.