Пожар во ковид-болница во Русија, загинаа две лица

Две лица загинаа денеска во пожар во ковид болницата во Астрахан, на југот на Русија, пренесуваат медиумите во регионот.

Пожарот избувнал во одделението за интензивна нега.

Според првичните информации се запалил апаратот за довод на кислород. Персоналот и пациентите се евакуирани од зградата.