Вчера вечер избувна пожар во станбена зграда во скопската населба Чаир. Противпожарните екипи го локализирале.
Две противпожарни екипи биле на терен. Според неофицијалните информации – пожарот бил во стан кој е на последниот кат од зградата.
Нема информации за повредени, иако на местото на настанот било забележано и возило на брза помош.