Повторно вандалски чин во Скопје: Ново игралиште во Аеродром остана без кошеви, неколку часа по нивното поставување

Општината Аеродром на својата фејсбук страна објави информација за уште еден вандалски чин направен од страна на несовесни граѓани. Новопоставените обрачи на оваа локација, се демолирани и отстранети од страна на неодговорни граѓани, неколку часа по нивното поставување.

„За жал, денес повторно сме сведоци на вандалски чин на едно од новите спортски игралишта во основното училиште Љубен Лапе, кое овие денови беше целосно реконструирано и обновено со современи и модерни содржини“, стои во објавата од Општина Аеродром од каде апелираат апелираат на совесност и заеднички придонес кон зачувување на она што е наша и заедничка сопственост.