Повисока плата за наставниците, но не за сите - велат граѓаните

-Не може еден хигиеничар во училиштето да зема плата од 18.000 денари, а наставниот кадар во истото да земаат по 24.000 денари плата. Проценете кој каква одговорност има, вели еден одделенски наставник кој алудира дека час поскоро треба да се покачат платите на просветните работници.

Дали е потребно усогласување на растот на платите на вработените во земјава, паралелно со растот на минималецот и до каде „може да одат“ наставниците со својата плата?

Еве што вели јавноста:

-Во секоја нормална држава образовниот кадар е добро платен. Сетете се кој прв ве научи да пишувате и читате!

-Треба да земаат и 100.000 денари, но за да дојдат до таква плата треба да зваршат факултет без врски, при вработување да се ценат нивните квалитети, не партиска припадност. Да сакаат да работат со деца, не да им се темни кога одат на работа и секако да поминат психолошки и психијатриски тестови.

-Некои наставници заслужуваат поголема плата, некои не ја заслужуваат ни сегашната плата, а некои наставници одамна требаше да бидат исфрлени од образовниот систем.

-Не само сега туку секогаш оние кој се дел од наставниот процес треба да имаат достоинствена плата. Да се нагласи не сите кои се дел од просветата треба да имаат иста плата. Значи наставниците и професорите треба да земаат плати кој не смеат да бидат помали од платите на пратениците. Односно оние кој се во пониските оделенија да бидат најмногу платени а потоа може да имаме одредена разлика со оние во погорните класови, но не драстична разлика.

-Заслужуваат наставниците да земаат многу повисоки плати. Има меѓу нив многумина кои се ангажираат секојдневно во комплетна едукација на секој ученик кому што му предаваат. Благодарение на квалитетните и способни наставници, се школуваат деца, кои понатаму се успешни во својата кариера. Наставник не е човек кој само им предава на децата, тој истовремено е човек кој има и одредена педагошка и психолошка улога во воспитувањето на децата. Колку пати поради добрите наставници, сме засакале некој предмет или сме уживале на одредени часови. Апсолутна поддршка за покачување на платите на наставниците.

-Ако е наставник да создаде човек од тоа мало живо битие да, а со купени дипломи има пример една бивша директорка брани дипломска на педагошки и прашање кој е главен град на Франција одговор Лондон и директорка стана.