Повеќе делови од Скопје и околината денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека денеска (четврток) без електрична енергија ќе останат:

Во периодот од 08.30 до 14.00 часот, корисниците од с.Крушопек (општина Сарај).

Во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. Иван Козаров бр.47, 49 и 45 ( општина Кисела Вода )

Во периодот од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од нас. Железара, ул Коце Металец, ул.Рударска, ул. Филип Филиповиќ (Гази Баба)

 Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од Зелениково (почеток на селото, општина Зелениково) 

Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од с.Зелениково, околу зградата на општината и кон училиштето (општина Зелениково).