Започнавме со решавање на проблемот со ерозија на земјиштето на улица „Христо Чернопеев“ на Водно.Потпорниот ѕид е на улица е во должина од 15 метри и висина од 8 метри, велат од општина Центар.
Жителите реагираа и бараа од општината да ги заштити од секојдневните опасности од слегнување, лизгање и ерозија на земјиштето. Постоеше потенцијална опасност од лизгање на куќите од улицата „Славејко Арсов“ .
За наредната недела закажав состанок со директорот на ИЗИС за да се утврдат критичните точки на територијата на општината каде што нема да се издаваат одобренија за градење.