Постојат луѓе на кои никогаш ништо не им е доволно...

Постојат луѓе на кои никогаш ништо не им е доволно, без оглед на тоа колку заработуваат.

А има луѓе кои на крајот секогаш ќе имаат доволно, без оглед на тоа колку им е одземено. Тоа воопшто не зависи од парите, туку од нашиот однос кон нив. Нема пари кои не можат да се потрошат. 

Постојат луѓе кои никогаш не ја завршуваат работата која им е доверена, без оглед на тоа колку се платени. А има луѓе кои ќе ја завршат работата, дури и ако воопшто не им платат. И повторно, тоа нема врска со парите, туку во односот кон работата. Секогаш може да се измисли изговор за да не се работи. 

Постојат луѓе кои цел живот се жалат дека лошо живеат. И навистина живеат лоши, дури и кога ги имаат сите услови за добар живот. А има луѓе кои секогаш живеат добро, дури и кога немаат ништо. И материјалните работи немаат врска со тоа.

Во сето ова, најважна е човечноста во самиот човек.