Постои протокол за лекување на корона вирус, дециден е министерот Сали

Министерот за здравство Баким Сали денеска се сретна со поглаварите на верските заедници, при што упати порака дека единствена, докажана, најдобра и најсоодветна можност за заштита од вирусот Ковид-19 е токму вакцинацијата.

На новинарско прашање, Сали потенцираше дека има протоколи за лекување на корона вирус 

-Протокол за лекување ковид постои, не знам од каде ви се информациите. Протоколот веќе две години е напишан, споделен во институциите и секако дека сите здравствени институции коишто имаат хоспитализирани пациенти, почитуваат заеднички протокол коишто е напишан од страна на професори од Клиниката за инфективни болести. Јас не можам да коментирам изјави на професори кои што јас ги почитувам, меѓутоа не се спремни да се справат со реалноста и даваат, за жал, за мене необјасниви и несериозни изјави кои што негативно влијаат во општеството, појасни министерот Сали.