Постирал коментар на Фејсбук - Скопјанец кривично ќе се гони за ширење омраза

Скопјанец ќе се соочи со кривична поради коментар на социјалната мрежа Фејсбук. 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.С.(36) од Скопје поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

Тој, по објавен текст од еден портал поставен на социјалната мрежа „Фејсбук“, постирал коментар со кој промовирал и поттикнувал омраза и насилство, информираа од МВР.