Последен викенд за забава во „Вип аква парк“

Овој викенд, посетителите на „Вип аква парк“, кој е дел од комплексот на спортскиот центар „Борис Трајковски“, за последен пат ова лето ќе имаат можност да уживаат во забавните содржини кои ги нуди аква паркот.

9-ти септември е последниот ден кој граѓаните може да го искористат за разладување и забава во аква паркот, а за наредната сезона се најавуваат и нови можности за посетителите.

Освен дневните забавни содржини, „Вип аква парк“ ќе може да се изнајми во вечерните часови за различни прослави и ќе понуди незаборавно искуство за сите кои ќе одлучат својата прослава да ја одржат токму таму.

Од понеделник пак, за сите жени и девојки следува уште една забавна активност во салата на Вип пилатес и аеробик центарот на СЦ „Борис Трајковски“- вежбање со Топ Форма. Салата е опремена со најсовремена опрема и по светски стандарди.