Посен Велигден со мрсни цени

Секое македонско домаќинство ги прави последните подготовки за дочекување на најрадосниот христијански празник Велигден.

Некој ќе си дозволи малку повеќе, а некој со скромност, но сепак сите ќе се радуваме и ќе го славиме Христовото воскресение.

Велигденските празници носат и поскапувања на јајцата, месото и зеленчукот. Граѓаните за табла јајца плаќаат од 150 до 180 денари, за килограм јагнешко околу 350 денари, домати од 80 до 100 денари и марула од 20 до 40 денари.

Зголемувањето на цените на домашните тезги стана вообичаена практика за време на големите празници како што се Божик и Велигден.