Посебно предупредување за Американците за референдумот - да не се движат пред Собранието, ниту на плоштадот Македонија

Во текот на вчерашниот ден,  Американците беа предупредени дека не треба да се движат пред Собранието на Република Македонија, а на 30-ти септември во 19:00 часот да не се движат ниту пред Собранието ниту на плоштадот Македонија во Скопје. Ова предупредување е објавено на официјалната страна на Американската амбасада во Скопје.

„Различни групи имаат намера да демонстрираат против претстојниот национален референдум за Преспанскиот договор за името меѓу Македонија и Грција, кој ќе се одржи в недела, на 30 септември. Спонтани, ненајавени демонстрации може да се случат и во Скопје и во други делови на земјата во текот на овој период. Персоналот на американската влада совтува да избегнува секакви области каде што може да се појават демонстрации”, се вели во соопштението на амбасадата на САД.