Поради сообраќајка овие магистрални патишта се во прекин

Утрово, АМСМ излезе со вонреден извештај за состојбата на патишта. Од таму информираат дека пoради случена сообраќајна незгода кај с.Тајмиште, на магистрален пат Кичево-Гостивар и  магистрален пат Гостивар-Кичево, сообраќајот во овој дел е во прекин од 07:30ч.

Околу сообраќајната незгода, до сега, немаме дополнителни иформации од МВР, а прекинот во сообраќајот ќе трае се додека на местото на настанот не биде извршен увид од екипи на МВР и не биде расчистен теренот.