Поради магла откажани летови на скопскиот аеродром

Маглата во Скопската котлина го отежна одвивањето на авиосообраќајот, како и на патниот сообраќај.

На аеродромот „Александар Велики“ во Скопје не се реализирани летовите од и за Истанбул, како и полетувањата за Загреб и Барселона. Авионот од Цирих  е пренасочен на Охридскиот аеродром, покажуваат податоците од веб страницата на концесионерот на аеродромот ТАВ Македонија.