Поради дефект без вода ќе биде ул.50-та Дивизија во Центар

ЈП “Водовод и канализација“ известува дека денес поради дефект на приклучна цевка на 50-та Дивизија 24, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.