Министерството за култура одобри 30 милиони денари се со цел националната установа “ Охридско лето“ да може да реализира квалитетна програма со врвни светски и домашни уметници.
- “Финансиската поддршка која ја добиваме од Министерството за култура за реализација на 40-те фестивалски денови за нас е многу значајна и токму затоа сме благодарни што годинава се издвоени средства кои доликуваат на вака значајна музичко-сценска манифестација. Годинава не очекуваат 40- фестивалски вечери исполнети во висока уметност и врвни светски и домашни уметници“, вели директорката на „Охридско лето”, Наташа Поповиќ.
На годинешното фестивалско издание ќе има над 50 настани со околу 1000 уметници, но деталите по традиција ќе бидат објавени на официјална прес-конференција. Поповиќ вели дека уметничката програма за „Охридско лето 2024″ е веќе завршена, а во тек се активностите за средување, опремување и адаптација на сцените и сценските простори за реализација на годинешното издание на Фестивалот.