Попладнево уапсен е новинарот Фуркан Салиу (ВИДЕО)

Новинарот Фуркан Салиу денеска е уапсен на фудбалски натпревар. 

Салиу бил приведен откако, според првичните информации, наводно нападнал  полицаец – припадник на Единицата за брзо распоредување (ЕБР).

По инцидентот полицијата извршила претрес на Салиу и на неговото возило, при што нашла еден пиштол во неговиот ранец. По ова Салиу бил однесен во полициската станица Гази Баба.

Извор од МВР за Скопје Инфо велат дека Салиу е приведен затоа што „физички ги нападнал полицајците” што се смета за напад врз службено лице.