Помалку за здравство, образование и спорт, повеќе за Влада и Собрание - Најчевска со забелешки за Буџетот за 2024

Професорката Мирјана Најчевска преку фејсбук објава алармира дека со новиот Буџет за 2024 година, Владата и Собранието добиваат повеќе пари, додека тоа не е случај со неколку клучни ресори како што се здравство, образование, млади и спорт каде предвидената сума за следната година е намалена. 

Најчевска тоа го потврди со факти, а ова е нејзината објава во целост: 

Цртички од предлог буџетот за 2024 година (сигурно нешто погрешно сум прочитала. Ако сум згрешила поправете ме):

1. Собранието добива 5 милиони евра повеќе од минатата година (молчењето на пратениците има цена)

2. Владата добива 65 милиони евра повеќе од 2023 година (да се знае кој е главен во државата)

3. Секретаријатот за европски прашања добива 300 илјади евра помалку и ќе има 1 милиони и 600 илјади евра помалку од Министерството на Артан Груби (си имаме ние приоритети)

4. За зајакнување и развој на процесот на европска интеграција се предвидени вкупно 470 илјади евра илјади денари (200 илјади евра помалку од 2023 година) (затоа што ЕУ ни е во мислите)

5. За Министерството за животна средина од буџетот на државата се предвидени 1.5 милиони евра помалку од 2023 година(ќе причекаме влез во ЕУ)

6. За научно истражувачки проекти во Министерството за образование и наука се предвидени 1 милион помалку средства од 2023 година (кој видел аир од наука)

7. Во Агенцијата за спорт и млади за младите се предвидени 230 илјади евра (100 илјади евра помалку од 2023 година), (и така си одат што да трошиме пари на нив)

8. Во Министерството за здравство помалку средства се предвидени за:

- превентивна здравствена заштита

- задолжителна имунизација на населението

- рана детекција на малигни заболувања

- лекување на ретки болести

- средства за болни од дијабет.