Половина Скопје остана без електрична енергија

Половина Скопје попладнево остана без електрична енергија.

Од пред половина час, скопската населба Карпош од 1 до 4, но и Аеодром, Ново Лисиче, Водно, Кисела Вода, немаат струја. Граѓаните на социјалните мрежи споделувааат информации дека речиси половина град е без електрична енергија. 

Од државната компанија МЕПСО доцна попладнево информираа дека причина за прекинот во напојувањето со електрична енергија во поголемиот дел на Скопје, е дефект во трафостаницата во Пинтија.