Полицијата вчера во Скопје казнила 409 возачи

Министерството за внатрешни работи (МВР) во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 409 санкции, информираат од МВР.

Полициските службеници во изминатото деноноќие изрекле 57 мерки за возење без возачка дозвола, 46 за неисправни и нерегистрирани возила и 55 мерки за неносење сигурносен појас. Воедно изречени се и 89 мерки за непрописно паркирање.

Од МВР најавија дека ќе продолжат сообраќајните контролите и во наредните денови. До граѓаните апелираат да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот.