Полесно ќе најдеш авион отколку такси во Скопје

Скопје е град кој што кубури со таксисти.  Во периодот на новогодишни прослави и зголемена фрекфенција на гости во ноќните локали речиси е невозможно во ноќните часови да најдеш такси возило.  За ваквата алармантна состојба се повеќе се зборова во Скопје. Скопјани на шега коментираат дека: „полесно ќе најдеш авион, отколку такси“. 

Пред неколку денови свртев во сите такси компании и никаде немаше слободно возило. За да стигнам со половина час задоцнување во кафеана морав да излезам на Партизанска каде по 20 минути обид, конечно најдов слободно такси возило. И ова не ме се случува прв пат, раскажува Дарко Л. од Скопје. 

Ниската заработувачка, лошиот пазар, високата цена на нафтените деривати е тоа што ги предомислува таксистите или да останат дома или да побараат работа во некоја од европските земји. Дополнително, високите казни на полицијата се причина се помалку таксисите да има по скопските улици.

За тоа колку е тешко да се биде таксист во Скопје раскажува Драги кој на 52 години веќе десет години е по скопските улици. Вели дека преку ден се „издржува„ оваа работа, но навечер е исклучително тешко да се биде таксист.

На секој чекор има полиција, а дополнително треба да се расправаш со пијани тинејџери и тоа е навистина тешка и мачна работа која носи многу мал профит, додава Драги. 

Освен тоа дека тешко се наоѓа такси возило, дополнителнен факт за лошата состојба со јавниот такси превоз се лошите и дотраени возила. Најчесто во нив се пуши, нема парно и дува од сите страни.  

Во пресрет на Новата година, најлудата ноќ и зголеменото конзумирање алкохол, сепак јавниот и такси превозот се најсигурен начин за учество во сообраќајот, доколку сакате безбедно да стигнете дома и да избегнете казна од полиција.