Поезија со сексизам и дискриминација објавена од Агенција за млади и спорт

Агенцијата за млади и спорт издала збирка поезија во рамки на проектот „Млади поети“, во која се објавени стихови со недолична и дискриминаторска содржина. Една од песните е со наслов „Партиски вработена“ која изобилува со сексизам, вулгарности и навреди, додека другата песна за која имаше бурни реакции на социјалните мрежи и во кои грашаните препознаваат албанофобија, е со наслов „Моите соседи“. Двете песни се од истиот автор Даниел Пиљаковски.

Уредник на публикацијата, испечатена во тираж од 5.000 примероци, е директорот на Агенцијата, Дарко Каевски.

Од Агенцијата за млади и спорт се оградуваат и велат дека изборот на песни кои се објавуваат го направила надворешна комисија, која требало да направи соодветна селекција, а АМС немала увид во содржината.

„Агенцијата за млади и спорт се оградува од содржина која содржи дискриминација и смета дека е недолична. Во тек е истрага за утврдување на фактите и причините кои довеле ваквата содржина да биде објавена, после што јавноста ќе биде информирана за мерките и одговорноста кои ќе се преземат“, додаваат од Агенцијата.

Вчера и денес на социјалните мрежи се појавија бурни реакции на оваа тема:

Не знам кого повеќе да жалам, дали авторов на бљувотинава, дали Агенцијата за млади и спорт што го издала или па граЏаните шо од свој џеб го плаќаат ќеифот на неколкумина. #Живот https://t.co/2el850Kq70, напиша Мрџатина.

Александар Маленко на оваа тема напиша:

Агенција се оградува???
Со жива ограда,или парапетче?
А уредникот надворешен соработник ли е?
Или Директор на Владина институција...
Г-да време е за професионализам,доста беше со “рекла казала”криејќи се зад политичка партија и власт!!! https://t.co/zidkT6mD7H