Почнуваат Петровденските пости

Петровденскиот пост е во чест на светите апостоли Петар и Павле и му претходи на празникот Петровден, кој секогаш се одбележува на 12 јули. Должината на Петровденскиот пост зависи од празникот Велигден.

Овој пост, еден од четирите повеќедневни пости во текот на годината (Велигденски, Петровденски, Богородични, Божикни), започнува од првата недела по Духовден, а бидејќи овој празник е со непостојан датум и зависи од Велигден, така и Петровденскиот пост трае различно. Некогаш шест недели, а некогаш само една недела и еден ден.

Постот подразбира нејадење храна од животинско потекло, што значи од трпезата се тргаат месото, млечните производи и јајцата. Во понеделник, среда и петок јадењата се на вода, односно се подготвуваат без масло. Во вторник и четврток се со масло, а во сабота и недела дозволено е јадење риба. Тоа е телесниот пост.

Духовниот подразбира воздржување од лоши помисли, неправење лоши дела и безрезервна љубов кон Бога и сиот човечки род.

nike air max 1 sale