Почнува „Музичко лето со Воениот оркестар“

Воениот оркестар на Армијата на Република Македонија вечер и утревечер ќе одржи перформанс кој ќе започне од платото пред Музејот на македонската борба и ќе заврши пред спомениците на Гоце Делчев и Даме Груев на плоштад Македонија.

Со овој перформанс свечено ќе започне манифестацијата „Музичко лето со Воениот оркестар на Република Македонија“ која ќе се оддржува низ Република Македонија. Покрај Скопје Воениот оркестар ќе има настапи во Велес, Дојран, Битола, Прилеп, Крушево, Охрид, Струга и Куманово.

Воениот оркестар е дел од Баталјонот за почести кој е основан на темелите на Првата гардиска бригада формирана по осамостојувањето на Република Македонија на 26 март 1992 година во касарната „Илинден“, а по заминувањето на тогашната Југословенска Народна Армија и формирање на АРМ.