Почнува „Десонанз Фестивал“ со настап на ди-џеј Бојан Јанев

Со настап на Бојан Јанев (Dj Soul Case), скопски диџеј, промотер и љубител на винили, вечерва во 20 часот во Кинотеката почнува Десонанз Фестивалот.

И оваа година, како и претходните, на фестивалот се предвидени настани на македонската современа музика и култура.

– Овој викенд во дворот на Кинотеката, публиката ќе има можност премиерно да го слушне новиот материјал на велешкиот мултимедијален артист Audio Portmanning, како и концертната промоција на албумот „The Story of Utopias“ преку настап во живо на Тони Димитров – композитор и продуцент чија долгогодишна работа во полето на амбиенталната музика и употребата на теренски снимки го прави еден од пионерите на експерименталната електронска музика во Македонија, информираат организаторите.

Десонанз Фестивал е финансиски поддржан од Град Скопје.