Починатиот полицаец од Куманово имал коронавирус

Полицаец од Куманово денеска починал, а вчера му било утврдено дека е заболен од коронавирус, објави телевизија Телма. Телма објави за смртта на полицаецот, откако градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски обелодени за јавноста дека две лица починале попладнево во Куманово.

Според информациите, 53-годишниот полицаецот бил ангажиран на новиот граничен премин Белановце кон Косово. Последните десетина дена полицаецот не одел на работа, на 25-ти март земал слободни денови бидејќи не се чувствувал добро.

Вчера откако ги добил позитивните резултати на Ковид-19, била погребана и неговата мајка за која не е познато дали била заразена. Ова е прв полицаец кој подлегна на Ковид-19, а погребот поради состојбата најверојатно ќе се изврши без полициските почести за починат припадник на МВР.