Починат мигрант пронајден во кумановско

Тело на машко лице, мигрант било пронајдено во водите на езерото во кумановското село Речица, соопшти денеска СВР Куманово. На телото немало траги на насилство.

– Вчера во 16:03 часот во СВР Куманово било пријавено дека во водите на езерото во село Речица било пронајдено тело на машко лице – мигрант. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а увид на местото извршила екипа од СВР Куманово, информираше полицијата.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител по чија наредба телото било дадено на погребно претпријатие.