Почина уште една жртва од несреќата на патот Скопје - Тетово

Почина уште една жртва од несреќата што се случи со превртениот автобус на патот Скопје - Тетово. 

Со ова бројот на жртви се искачи до вкупно 15. Додека другите повредени и понатаму се лекуваат во болничките центри во земјата, некои од нив, оние што имале помали повреди, беа пуштени на домашно лекување.