Почина познатиот македонски баритон

Вчера почина оперскиот солист - баритонот Славчо Димовски, соопшти Македонската опера и балет. 

Славчо Димовски (1955-2016) својата кариера ја почна како хорист-баритон во хорот на Македонската опера и балет, за подоцна да биде назначен за солист. Како хорист учествувал во сите оперски и вокални инструмантални изведени на сцената на Македонската опера и балет. Како солист толкувал средни улоги од баритонскиот фах, меѓу кои: Шарплес во „Мадам Батерфлај“, Доктор Гренвил во „Травијата“, Анџелоти во „Тоска“, Мандарин во „Турандот“, Монтероне во „Риголето“ и др.

Како маркантна фигура, остана запаменет како толкувач на улогата на Дон Кихот во истоимената балетска претстава. 

Погребот на Славчо Димовски е извршен денеска, а утре ќе се одржи комеморација во прес салонот на Македонската опера и балет, со почеток во 14 часот.