По претрес во Шишево уапсено младо момче

По извршен претрес во Шишево,полицијата пронајде дрога и приведе едно лице.

„На 03.12.2020 во 06.35 часот во с.Шишево, скопско, полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија, врз основа на судска наредба, извшриле претрес во домот на С.Т.(25) од с.Шишево“ информираат од МВР.

При претресот била пронајдена и одземена марихуана и предмети со остатоци од марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.