По 50 години: Бракови ќе се склучуваат на плоштадот во Скопје

Нова сала за матичната служба во која ќе бидат склучувани бракови ќе биде отворена во рамки на „Палатата генерал Михајло Апостолски“ која се гради на плоштадот „Македонија“ на местото на поранешниот Офицерски дом, објави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Салата ќе има високо репрезентативни услови, рече тој, а исто така ќе ги намали трошоците на оние кои склучуваат брак кои поради лошата состојба на постојната сала на матичната служба ги повикувале матичарите на други локации за што дополнително плаќале.

Салата ќе се простира на 762 метри квадратни, ќе бидат обезбедени гардобери, помошни простории… Објектот ќе биде завршен во средината на 2017 година кога треба да биде пуштена во употреба и оваа сала. Груевски информира дека додека се гради овој објект од први наредниот месец бракови ќе може да се склучуваат и во просториите на Музејот на ВМРО и во Порта Македонија.

Во палатата ќе биде сместена и нова голема мултифункционална читална, која  ќе има и намена за одржување концерти, културни манифестации, приредби…